Previous Page  12 / 28 Next Page
Information
Show Menu
Previous Page 12 / 28 Next Page
Page Background

ХРАНЕТЕ СЕ

правилно

M.S., RD, CSSD, CSOWM,

FAND – DIRECTOR,

WORLDWIDE NUTRITION

EDUCATION AND TRAINING

ИМЕ

СУЗАН БАУЕРМЕН

ПРОФИЛ НА

СТРУЧЊАКОТ

Еден од проблемите кога треба да изберете кои протеини да ги јадете е тоа што – ако не сте внимателни – со

протеините може да внесувате и голема количина масти. Ако најголем дел од протеините што ги внесувате се од

масно месо, колбаси и мелено говедско месо, размислете со што би можеле да ги замените. Прв и едноставен

чекор што може да го направите е меленото говедско месо да го замените со мелени пилешки гради – во

повеќето производи, разликата во месата дури и не се забележува. Кога ќе бидете спремни да почнете да

користите повеќе риба во исхраната, почнете со нешто што ви е познато – за вас можеби тоа би значело ракчиња

или туна во конзерва. Размислете што јадете вообичаено и најдете ги оние рецепти во кои е полесно да ги

замените помасните меса, можеби во сос за тестенини, палачинка или во тако. Гравот во конзерва е практичен,

нема силен вкус и содржи многу малку масти – може да си приготвувате вегетаријанска манџа, да го додавате

во супи или да го блендирате со малку маслиново масло и лук за да добиете здраво макало за со свеж зеленчук.

Вреди да се проба и тофу – нема силен вкус и одлично одговара во супи и пржени јадења, а може и да го печете.

ПОЧНЕТЕ ЈА ГОДИНАТА

СО ЗДРАВИ ИЗБОРИ

12 TODAY